Салиу: Декадата на Ромите ќе ја спроведувам со тим од 25 луѓе, а не двајца или тројца како претходно

Салиу: Декадата на Ромите ќе ја спроведувам со тим од 25 луѓе, а не двајца или тројца како претходно

Civil

2 недели назад

891 Просмотров

Интеграцијата кај Ромите е најболното прашање. Интеграцијата е силно поврзана со основните фундаменти на Декадата, а тоа е образование, вработување, вдомување и  здравство. Декадата на Ромите не ги оправда очекувањата на ромската заедница во претходниот период и не беше добро спроведена, односно суштински не се подобри животот на Ромите, вели Шабан Салиу, министер без ресор, одговорен за интеграција и имплементација на Декадата на Ромите, во ексклузивно интервју за ЦИВИЛ Медиа.

„За разлика од преходно, во мојот кабинет ќе има веднаш 7 вработени, а потоа уште 18 лица. Вкупната бројка на вработени ќе биде 25 лица. Што значи дека Декадата на Ромите нема да ја водат двајца или тројца, туку ќе ја води цел тим од 25 луѓе“, вели Салиу.

Тој вели дека ја подава раката кон сите Роми кои сакаат да работат во унапредување и интеграција на ромската заедница, без разлика од која партија доѓаат или доаѓаат од невладин сектор.

„Ние ќе имаме човек кој ќе биде задолжен да соработува со невладините организации тука во држава, но и во странство со европски фондови“, додава Салиу.

Салиу очекува со ребалансот на буџетот да биде прифатено неговото барање за акциските планови за вдомување, вработување, здравство и образование.

„Премиерот Мицкоски знае дека животен сон ми е да ги подигнеме Ромите од вековната сиромаштија, од вековната неписменост, еден дел од Ромите се уште питачат по улиците итн. Мора да направиме законски и системски решенија кои ќе се однесуваат на ромската заедница кои ќе извршат промени во средините и населбите да се регулираат и да се отстранат оние супстандардни живеалишта, да се среди инфраструктурата, односно водоводната мрежа во ромските маала како што се Тризла (Прилеп), Баир (Битола), Топана (Скопје) итн“, потенцира Салиу.

Во однос на укинување на балансерот и да се воведе соодветна правична застапеност, тој вели дека уште повеќе им одговара на Ромите.

„Знам дека сите очи се вперени кон ова министерство и очекувањата на Ромите се многу големи, но ветувам дека нема да ги разочарам“.

Тој додава дека ќе има вработени Роми во сите институции и министерства, но не како метлачи и чистачи, туку ќе бидат во институциите на системот во органите на државната управа.

„Веќе договоривме да имаме 4 директори“, вели тој.

Салиу додава дека покрај вработувањата, планира да има фонд не само за инфрастурни проблеми, туку и за санација на домовите на сиромашните Роми.

Камера и монтажа: Ариан Мехмети
Ссылки и html тэги не поддерживаются


Комментарии: