Lyrics:
Осамена
Во овој тажен град
На покриви од тага, сама
Немо танцувам
Осамена
Изгубена
Во ѕидови од хартија
Во корици од тага, сама
Солзи пишувам
Осамена
Рефрен:
Мрак
Долго заспивам
На перници од тага
Во кревет од страв
Низ пекол и мрак
Без нас
Мрак
Уште сонувам
На перници од лага
Ко оков на врат
Те носам по пат
Осамена
Изгубена
Во сама себе јас
А толку пати паднав, станав
Во виори од мрак
Осамена
Патувам
Јас долго време патувам
Низ пустини од тага, сама
На перони од мраз
Осамена
Рефрен:
Мрак
Долго заспивам
На перници од тага
Во кревет од страв
Низ пекол и мрак
Без нас
Мрак
Уште сонувам
На перници од лага
Ко оков на врат
Те носам по пат
Осамена